(Фото) Тамара Тодевска погрешно сфатена поради реобјавување на стара преписка на социјалните мрежи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Васил Гарванлиев не успеа да се пласира во финалето на Евровизија, а по тој повод се огласи неговата колешка и пејачка Тамара Тодевска, која нè претставуваше на овој музички фестивал во 2019 година.

Таа застана во одбрана на својот колега и на Инстаграм напиша дека не се во право тие што го критикуваат неговиот настап:

„Цела ноќ и наутро читам коментари, статуси на Фејсбук и Твитер. Едни пресреќни, други пцујат што не сме победиле (а богами бевме подобри од онаа лошата копија на Колдплеј или што би рекла Ивана – Колдплеј за сиромашни). Трети „хејтаат“ до зла бога и назад“, напиша Тамара на Инстаграм.

Потоа таа додаде:

„Синоќа еден народ беше против Македонија (северна, источна каква сакате). македончето. Со мала буква е македончето, ситно, зајадливо, љубоморно, злобно… Затоа што Македонците гласаа и се радуваа“.

„Ало бре! Стручно жири на Велика Британија ни даде 12 поени. Знаете ли која е Велика Британија. Не е Тереза Меј, не е Брегзит. Не е Меган Маркл. Британија е земја на „Depeche Mode“, „Joy Division“, „Queen“, „Stone Roses“, „The Beatles“, „Cure“, „Oasis“, „Smiths“, „Rolling Stones“, „Pink floyd“, „Radiohead“, „Led Zeppelin“…

A кои сте Вие за да не гласате за одлична песна и уште подобра пејачка.

Не Ви се допаѓа Северна? Обвинете ги политичарите. Демек ја казнивте Тамара (голем уметник и квалитет) затоа што настапила за Северна Македонија. Од утре казнете ги и банките што се во Северна па не ја подигајте платата.

Казнете ги училиштата, па не ги праќајте децата во училиште, казнете ги фирмите каде што работите и не одете веќе на работа. Казнувате уметност поради политика. Невидено. Социјалните мрежи ви дадоа глас, па сега лупате триста глупости на саат“, објави пејачката во „стори“ на Инстаграм.

Подоцна, Тодевска објасни на својот ФБ профил дека се работи за реобјавена стара преписка на социјалната мрежа „Инстаграм“.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This