дома Занимливости (ФОТО) Тамара на забава неколку дена по породувањето

(ФОТО) Тамара на забава неколку дена по породувањето

Десет дена откако го роди синот Дарен, Тамара Тодевска изгледа одлично. Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија од еден скопски ресторан, на предновогодишна прослава со пријатели.

Очигледно е дека пејачката добро се организира околу грижата за децата со својот сопруг, па наоѓа и време за себе и за пријателите. Постарата ќерка на Тамара и на Александар, Хана, на пролет ќе наполни три години.

„ Хана доби братче, а ние нова љубов“, рече Тамара откако го роди синот. Таа додаде дека таа и Александар се подготвени да имаат и трето дете.
Извор:женскимагазин.мк