(Фото) Тајфунот „Раи“ направи пустош на Филипините – најмалку 5 лица се загинати, над 300.000 се раселени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку пет луѓе загинаа, а над 300.000 се раселени откако тајфунот Раи предизвика поплави и свлечишта во централниот дел на Филипини.

Тајфунот Раи вчера ги погоди Филипини, а обилните дождови и силниот ветер со брзина од 155 километри на час уриваа покриви, дрва и доведоа до прекин на електричната енергија. Во голем број делови се излеаја реките.

Повеќе од 332.000 луѓе претходно беа евакуирани од своите домови во областите со висок ризик пред тајфунот Раи. Над 4.000 луѓе се заглавени поради откажаните летови и бродски патувања.

Филипини годишно се погодени од просечно 20 тропски циклони. Земјата во ноември 2013 година беше погодена од најсилниот тајфун Хаијан, при што загинаа повеќе од 6.300 луѓе, а раселени беа над четири милиони.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This