(Фото) Трамп мета на потcмeв: Социјалните мрежи зовpeа поради бeбешката маса на која претседателот седеше на прес конференцијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарите кои беа поканети на прес-конференцијата кај претседателот во заминување Доналд Трамп не можеа да се изначудат на глетката. Крупниот и висок 190 сантиметри претседател на најмоќната држава седеше на маса за „џуџиња“, објавија медиумите.

Фотографиите на кои се гледа американскиот претседател Доналд Трамп како седи во минијатурно столче на мала маса во Белата куќа изгледаат толку чудно и смешно, што не требаше долго за да станат нов „предмет на потсмев“ на социјалните мрежи.

По нивното објавување на Твитер, започнаа да се шират бројни смешни коментари и фотомонтажи.

Во четвртокот, по повод американскиот Денот на благодарноста, Трамп одржа телеконференција со припадниците на американската војска, избирајќи исклучително необичен мебел. Новинарите поканети на конференцијата не можеа да не се изненадат од необичната глетка, бидејќи крупниот Трамп едвај седнал на минијатурнара маса.

По телеконференцијата, Трамп одговараше на новинарски прашања, а главната тема беше повторно наводната изборна измама, за која Трамп не престанува да зборува.

„Во еден момент, Трамп упадна кон дописникот на Ројтерс. Бесното лице на Трамп на малечката маса даде дополнителна причина за шеги на Интернет на негова сметка. Целата сцена изгледаше уште побизарна поради другите детали во собата. Зелениот тепих изгледаше како никој да не го чистел долго време, огромната подлога за микрофон создаде илузија дека Трамп е уште помал во столчето, а не украсената новогодишна елка дополнително ја „зачини“ ситуацијата. И додека сите се прашуваа од каде Трамп ја најде својата масичка, еден корисник на Твитер ја објасни нејзината цел. Ова столче не е наменето за такви прилики, туку за потпишување документи и повелби. Неговата цел е претседателот да седи кога зад него кога има многу луѓе, така што секој може да застане во кадарот за фотографирање“, пишуваат медумите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This