дома Свет (Фото) Ужacнa тpaдициja: У6иeни oколу 1.500 китoви и дeлфини на фecтивaлoт „Гpиндaдpaп“

(Фото) Ужacнa тpaдициja: У6иeни oколу 1.500 китoви и дeлфини на фecтивaлoт „Гpиндaдpaп“

За време на овогодишниот фестивал „Гриндадрап“, што се одржува секоја година на Фарските Острови, автономен регион на Кралството Данска, убиени се 1.428 китови и делфини, јави агенцијата Анадолија.

Домашните медиуми информираа дека локалното население годинава убило 1.428 животни, во традиционалниот лов на делфини и китови наречен „Гриндадрап“, што датира од 1500-тите години.

Годинашната е највисока бројка на убиени животни од почетокот на традицијата.

Во традицијата што трае од 1584 година, најмногу китови и делфини досега биле убиени во 2013 година. Тогаш биле усмртени 430 животни.

И покрај силните осуди од екологистите низ целиот свет, традиционалниот фестивал се одржува секоја година.