(Фото) Филипче во чајџилницата кај Нефи Усеини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство, Венко Филипче, деновиве е максимално посветен на агитирање и собирање гласови за кандидатот за градоначалник за Охрид од СДСМ, Константин Георгиевски.

Филипче вчера бил забележан како оди од врата на врата, а денес е забележан во чајџилницата на Нефи Усеини, кој на македонската јавност и е познат по честите судири со законот.

За Нефи Усеини беа покренати неколку постапки од страна на Антикорупциска, како и неколку обвиненија за напади.

Тој е виновник за дивоградбите поради кои Охрид доби неколку опомени од Унеско и беше на работ да го изгуби статусот заштитен град.

Усеини е познат и по неколкуте напади извршени врз сограѓани. Тој го нападна професорот Илјаз Илјази, а заедно со неговиот брат нападна уште едно лице. На Усеини му беше одредена мерка притвор откако тој, заедно со неговиот брат, нападнаа едно лице и му се закануваа нему и на неговиот малолетен син со пиштол. Двајцата браќа беа во бегство и за нив беше издадена потерница.

Зошшто министерот Филипче агитира за гласови во друштво на познат насилник, не е познато.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This