дома Автомобилизам (ФОТО) ФИНСКА ПРОИЗВЕДЕ ЕЛЕКТРИЧЕН БОЛИД: Мoќнocтa е неверојатна

(ФОТО) ФИНСКА ПРОИЗВЕДЕ ЕЛЕКТРИЧЕН БОЛИД: Мoќнocтa е неверојатна

Се почесто на пазарот се појавуваат електро автомобили на непознати старт–ап компании, кои како по правило, брзо исчезнуваат. Меѓутоа, овој ќе треба добро се запомни.

Toroidion 1MW доаѓа од Финска и е потпишан од Паси Пенанен, кој ја основал својата компанија во 2011 година. И пред тоа, работел во автомобилската индустрија две децении.

Првата цел на овој автомобил беше да учествува на трката ,,24 часа Ле Ман”, а својата премиера ја имаше во 2015 година на Топ Маркас во Монако. Тогаш и сега беше и останува само концепт, но сега е многу блиску до производство.

И како што подразбира името, нејзиниот пoгoн има 1MW моќност, т.е. 1.360 КС и четири електрични мотори. Најголемата „новина“ е употребата на нисконапонска 48V мрежа со струја до 210 A. Тоа е малку нејасно, но така е наведено во официјалните документи.

Како и да е, предните мотори се малку послаби од задните, но важно е што со пoгoнoт AWD вози до 400 км на час, што ги достигнува за 11 секунди. И најдобро од сè, серијата е ограничена на 75 примероци со цена од 250.000 евра.