дома Македонија (Фото) Хaoc: И вo paбoтeн дeн „вpиe“ нa oвoj гpaничeн пpeмин

(Фото) Хaoc: И вo paбoтeн дeн „вpиe“ нa oвoj гpaничeн пpeмин

Утрово на граничниот премин „Богородица“ за влез во соседна Грција има повторно гужва.

Според видео камерите утрово од македонска страна за влез во соседството се чека и тоа според нашите информации од половина час, па се до цел час.

Сезоната во Грција тече со полна пареа, особено откако се олеснети правилата за влез и излез од земјата.

Македонските граѓани како и останатите наши соседи за влез во Грција треба да приложат сертификат за примени две дози од вакцината, негативен тест  или пак доказ за антитела како и да пополнат документ за влез во Грција.