дома Балкан (Фото) Цел Балкан ни се смее: Bpијaт медиумите по денешното интервју на...

(Фото) Цел Балкан ни се смее: Bpијaт медиумите по денешното интервју на Заев

Речиси целиот регион денеска му се смее на македонскиот премиер Зоран Заев кој во интервју за бугарски медиум изјави дека Бугарија не била фашистички окупатор и дека Бугарите ги ослободиле Куманово, Крива Паланка и Скопје од фашистите.

Ова предизвика лавина реакции не само во земјава, туку и соседството.

Српскиот портал „Политика“ ја пренесува изјавата на Заев каде вели дека во текот на втората светска војна  Бугарите биле „администратори“ на територијата на денешна Македонија.

-Во Македонија се заменети повеќе од 20 сообраќајни знаци на кои пишувало бугарски фашистички окупатори, вели Заев во интервјуто.

Тој раскажува и дека должност на политичарите е да го зближат народот, бидејќи со децении биле држени настрана.