дома Македонија (Фото) Црвен крст денес организираше акција под мотото „Подари пакетче, подари радост“

(Фото) Црвен крст денес организираше акција под мотото „Подари пакетче, подари радост“

Црвениот Крст на Република Македонија Општинска организација Кисела Вода во пресрет на новогодишните празници традиционално како и секоја, па така и оваа година организира акција под мотото „Подари пакетче, подари радост“ чија цел е доделување на новогодишни пакетчиња за најмалите.

Оваа година на 18ти декември согласно мерките препорачани од страна на Владата на Република С.Македонија и Министерството за здравство истите ќе бидат доделени на дечињата од Здружение на лица со вродени срцеви малформации Q20, Здружение на деца со спирална мускулна атрофија, Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп и ретки болести „Дајте ни крилја“, Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје и ПОУ „Златен Сремец“.

За таа цел, Црвениот Крст на Република Македонија Општинска организација Кисела Вода, Ве повикува сите граѓани, компании и институции, на било каков начин да допринесете во успешна реализација на оваа акција.

Сите заедно да ја покажеме својата хуманост и општествена одговорност пренесувајќи ја пораката дека „Секој од нас, може да биде нечиј Дедо Мраз“.