March 29, 2024, 11:18 am

(Фото) Чибишев: Haдлeжнитe ja maнипyлиpaa jaвнocтa дeкa eпидeмиoлoшkaтa cитyaциja ce cмиpyвa, никaкo ПOПИC

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Република Македонија во моментот се наоѓа во ковид агонија и вакцинална депресија. Надлежните во изминатиот период во неколку наврати многу грубо и неодговорно ја манипулираа (лажеа) јавноста дека епидемиолошката ситуација се смирува, дека ние сме една од најподготвените држави која успешно се справува со пандемијата, дека вакцини се нарачани, дека само што не стигнале, дека имунизацијата на населението ќе почне навреме, пишува на својот фејсбук профил доктор Андон Чибишев.

„Меѓутоа, како проаѓаше времето, разбравме дека од тоа нема ништо и дека тоа бил само ефтин ПР на министерството за здравство и Владата.

И згора на тоа, веќе интензивно се вршат последните подготовки за спроведување на најавениот попис кој треба да започне на први април. Во меѓувреме, со објаснување дека заради неодговорност на граѓаните надлежните се принудени да воведат рестриктивна мерка, полициски час во периодот од 22 часот до 5 часот наутро. Значи, преку ден по домаќинствата ќе циркулираат стотици попишувачи кои на дневна основа ќе посетуваат по неколку домаќинства и ќе остваруваат контакти со повеќе лица, а притоа мора да напоменеме дека тие не се имунизирани, затоа што одговорните кои се всушност крајно неодговорни, не се потрудиле да ги имунизираат, заради нив и заради тие со кои во тие двесетина дена ќе бидат во контакт“, констатира докторот.

Според него вака спроведениот попис ќе биде идеална можност за за влошување на епидемиолошката состојба и забрзана трансмисија на вирусот со несогледливи последици.

„На Македонија и требаат рестриктивни мерки кои ќе дадат резултат и ќе ја стават под контрола пандемијата, а не полициски час во време кога надвор се движат само кучињата-скитници“, кажува Чибишев.

Докторот заклучува „никако ПОПИС во ваква влошена епидемиолошка состојба, одлагање на пописот за подобри времиња, во интерес на здравјето и животите на граѓаните“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This