дома Локално (Фото) Јакимовски: Baндализиран и целосно yништeн детски парк во Карпош, ова е...

(Фото) Јакимовски: Baндализиран и целосно yништeн детски парк во Карпош, ова е трет инцидент во последните десетина дена

Целосно вандализирано детско паркче во општина Карпош, уништени реквизитите наменети игра и забава на најмалите, соопшти на социјалните мрежи градоначалникот на општината Стевчо Јакимовски.

„По дојава на жители на урбана заедница КЈП направив обиколка во близина на паркот Македонија. Го затекнав паркчето за дечиња целосно уништено. Не можам да си поверувам каков ужасен чин. Ние ќе работиме, ќе ги сервисираме и поправаме но мора и да ги чуваме реквизитите.

Јакимовски посочи дека ова е трет пат од почетокот на неговиот мандат да бидат уништено општински реквизити, нагласувајќи дека инцидентите се сомнителни, со оглед на тоа дека во четиригодишниот мандат на неговиот претходник не се случило ништо слично, додека во последните десетина дена се регистрирани дури три вакви инциденти.

„Не сакам ни да помислам дека намерно политчки „одредена група“ се обидува да уништува општински реквизити, иако сум се соочил со слично однесување во минатото. Ова е трет сомнителен случај во изминативе 10тина дена. Предходно беше оштетен надвозникот Влајко, беа обиени канцелариите и направена материјална штета на инвентарот. Минатата недела истотака беше и оштетено сандаче за контрола на улично осветлување во Карпош 4 и во повеќе наврати беше гасено осветлувањето на неколку улици. Многу е сипмтоматично што во 4 години владеење на мојот претходник немаше вакви вандалски чинови додека за неколку недели од мојот мандат веќе се соочуваме со серија на инциденти од ваков карактер.
Тој апелираше до Полициската станица Карпош да ги пронајде сторителите и да се стави крај на ваквото однесување

„Очекувам реакција од Полициска станица Карпош да отворат случај и да ги пронајдат сторителите на сите овие вандалски чинови. Ќе бидам многу гласен во заштита на интересите на граѓаните! Ова не смее да се дозволи! Мора да се стави крај на ваквото однесување!“, апелира Јакимовски.