дома Технологија (ФОТО) ЈАХТАТА НА ИДНИНАТА: Може да го oтплoви цeл cвeт, а не...

(ФОТО) ЈАХТАТА НА ИДНИНАТА: Може да го oтплoви цeл cвeт, а не мoрa ниту eднaш да зaпрe

Футуристичка јахта на циришката компанија “SolarImpact Yacht AG” може да го отплови цел свет, а притоа не мора ниту еднаш да се запре за да се наполни со гориво.

Делото на швајцарските креатори се движи на соларен пoгoн, а долготрајна пловидба овозможуваат соларните плочи доволни да покријат тениски терен.

Покрај кабините за малобројна екипа, на бродот има место за уште десет патници, кои се сместени во четирикреветни простории. Со пловилото управува само едно лице, бидејќи голем дел од работата ја презема вештачка интелигенција.

Батеријата од 800 kW овозможува десет часа непрекинато пловење, но времето може да се продолжи благодарение на сончевата енергија. Соларните плочи на кровот зафаќаат површина од 300 квадратни метри така да можат да послужат како единствен пoгoн доколку дозволат условите.

Јахтата има и два дизел мотори од 65 киловати, па пoгoнoт е загарантиран и по облачно време.