дома Македонија (Фото) Џафер си ја отceкол paката со моторна пила, по извршената peплантација...

(Фото) Џафер си ја отceкол paката со моторна пила, по извршената peплантација сега повторно може да ја кopисти

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека утрово на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија го посетил 54 годишниот Џафер Алија, на кој му беше реплантирана десната рака.

-Пред месец ипол Џафер се самоповредил, си ја отсекол десната подлактица, работејќи со моторна пила и на Клиниката бил примен во тешка состојба. Сега пациентот се чуствува добро, неизмерна е неговата радост што десната рака повторно може да ја користи. Ваков вид операција на Клиниката нема направено изминативе триесетина години, за успехот им честитам на моите колеги лекари и целиот медицински тим, пишува Филипче на Фејсбук.

Реплантацијата на горен екстремитет е една од најкомплексните хируршки интервенции која вклучува остеосинтеза на коските, реваскуларизација-анастомиоза на артерии и на вени, реконструкција на нервите и на мускуло-тетивниот апарат и реконструкција на мекоткивната покривка.

Веднаш по приемот се организирал тимот и се направи хируршката интервенција бидејќи, информираат од Министерството, кај овој тип на операции има мал временски прозорец за интервенција (до 6 часа од повреда).

-Пациентот го примивме со ампутирана десна рака, а денес го испраќаме среќен и задоволен дома со две раце. Чувството кога пациентот ќе ти ја подаде раката да се збогувате е бесценето, велат од Министерството.

Оваа комплексна интервенција беше изведена од тим на стручни хирурзи и анестезиолози од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија: доц. д-р Софија Пејкова, д-р Бисера Николовска, д-р Гордана Георгиева, Од Универзитетската клиника за кардиохиругија: д-р Мишел Андов, дд Универзитетската клиника за трауматологија д-р Игор Мерџановски, од Универзитетската клиника за анестезија реанимација и интензивно лекување д-р Јасна Бушиноска. Тимот беше во постојана комуникација со проф. д-р Оскар Азман, пластичен хирург од Медицинскиот универзитет во Виена и визитинг професор на Медицински факултет во Скопје.