дома Свет (Фото) Epyптиpaшe нajaктивниoт вyлkaн вo Индонезија: Иcпyшти peкa oд лaвa дoлгa 1.500...

(Фото) Epyптиpaшe нajaктивниoт вyлkaн вo Индонезија: Иcпyшти peкa oд лaвa дoлгa 1.500 мeтpи

Најактивниот вулкан во Индонезија, Мерапи, на островот Јава, денеска започна да испушта облаци од врела пареа и вжарена лава, кои се спуштија на 1.500 метри по падината.

– Тоа беше најдолгиот проток на лава на планината Мерапи откако властите го подигнаа нивото на опасност од овој активен вулкан во ноември, рече Ханик Хумаида, шеф на Центарот за вулканологија и геолошко ублажување.

Засега, нивото на тревога е на второто највисоко ниво, рече Хумаида, нагласувајќи дека населението треба да се држи настрана од постојната опасна зона од пет километри околу кратерот.

Најактивниот индонезиски вулкан на планината Мерапи со надморска височина од 2.968 метри се наоѓа на густо населениот остров Јава и во близина на градот Јогјакарта, а неодамна еруптираше неколку пати со облаци од лава и гас.

За време на неговата последна голема ерупција во 2010 година, загинаа 347 лица, а 20.000 жители беа евакуирани.