дома Македонија (Фото) Heвpeмето во Скопје oштeти автомобили во Карпош

(Фото) Heвpeмето во Скопје oштeти автомобили во Карпош

Невремето проследено со пороен дожд кое што вчера попладне го зафати Скопје предизвика и штети, а уништен беше еден автомобил.

До нашата редакција пристигнаа и фотографии од штетата, односно откорнати дрвја во населбата Козле во близина на училиштето „Владо Тасевски“ при што биле оштетени два автомобила.

Граѓаните кои се обратија до нашата редакција велат дека дрвото одамна било исушено и не било навреме санирано односно отстрането иако претставувало опасност за целата околина.

-Среќа што нема повредени и жртви, со години апелираме до општината да се отстрани дрвото, нашите деца играат тука секој ден, ваква негрижа не сме виделе никогаш, вели гневниот граѓанин за Инфомакс.