(Фото) Kaтacтpoфa: Македонија ce нajдe нa днoтo cпopeд вakциpaни лицa во Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Велика Британија, која ја одобри првата доза на вакцина против коронавирус на 2 декември, речиси три недели пред Европската унија, води во имунизација на својот народ. Германија и Франција пак, минатата недела поставија нови дневни рекорди за бројот на вакцинирани лица, објави „Еуроњуз“ според податоците на 30 април.

Додека Обединетото Кралство е далеку пред остатокот од Европа во вкупниот број примени вакцини, другите земји водат во процентот на популација која е целосно вакцинирана, што обично значи две дози. Велика Британија, решена да првата доза ја добијат што повеќе луѓе, чекаше подолго од другите земји за да започне да ја дава втората доза.

По тривијалниот почеток, вакцинацијата во европските земји е значително забрзана овој месец, па затоа Германија во средата даде 1,1 милиони вакцини, во петокот Франција постави дневен рекорд од 566 000 дози, додека Шпанија дава повеќе од 300 000 дози на ден.

Обединетото Кралство има дадено најмногу вакцини вкупно, но исто така е во водство и во однос на вакцинациите по глава на жител.

И Србија и Унгарија се исто така на врвот на оваа листа. Двете земји купија вакцини од Русија и Кина, со што се прошири списокот на достапни вакцини.

Така, Велика Британија целосно вакцинираше 23,7 проценти од населението (што значи дека ги примиле двете дози), Малта вакцинираше 24,1 процент од населението, Србија вакцинираше 20,8 проценти од населението, додека Унгарија вакцинираше 21,1 процент од населението.

Другите земји целосно вакцинирале околу 11 проценти од населението или помалку: Турција – 11,9, Данска – 11,7, Швајцарија – 11,1, додека Франција, Германија, Белгија, Шведска и други земји вакцинирале помалку од 10 проценти од населението.

Доколку ве интересира каде е Македонија сместена во оваа листа, ние се наоѓаме на трето место одназад, односно полоши од нас се само Косово и Босна и Херцеговина.

Во однос на вакцинацијата по глава на жител, Велика Британија вакцинираше 76.610 на 100.000 лица (вкупно вакцинирани се повеќе од 50 милиони луѓе).

Следува Унгарија, со 62.562 вакцинации на 100.000 лица (повеќе од 6,1 милиони лица вакцинирани вкупно) и Србија, со 48.849 вакцинации на 100.000 лица (вакцинирани се над 3,5 милиони луѓе).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This