April 19, 2024, 10:42 pm

(Фото) Maкедонците имаат cpце за бopба: 54 медали земаа македонските кик-боксери во Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изминатиов викенд на меѓународниот кикбокс куп „Трофеј на Белград“ кој се одржа од 23-25.04.2021 во Србија, во конкуренција на 269 натпреварувачи од 53 клубови од 5 земји учеснички, КБК ШАМПИОН од Скопје, беше најуспешен македонски кикбокс клуб со освоени 11 медали (8 златни, 2 сребрени, 1 бронзен), додека се на се Македонски кибоксери се закитија со 54 медали (15 златни, 17 сребени и 22 бронзени).

Истовремено, Бобан Илиовски натпреварувач на КБК ШАМПИОН од Скопје, беше прогласен за најдобар борец на ринг на турнирот и се закити со златен пехар.

Постигнати резултати:
Бобан Илиовски – 86 кг лоу кик – сениор – златен медал
Марко Тодоров – 63,5 кг лоу кик – сениор – златен медал
Викторија Варадинова – 65 кг фул контакт – сениор – златен медал
Миа Тодорова – 70кг фул контакт – јуниор – златен медал
Петар Мијовски – 71 кг лоу кик – постар јуниор – златен медал
Дамјан Зафировски – 75 кг лоу кик – постар јуниор – златен медал
Иван Кукуновски – 42 кг кик лајт – помлад кадет – златен медал
Туркер Исмаил – 42 кик лајт – постар кадет – златен медал
Енсар Исеин – 86 кг лоу кик – постар јуниор – сребрен медал
Стефан Каевски – 63,5 кг кик лајт – сениор – сребрен медал
Миа Тодорова – 70 кг лоу кик – постар јуниор – бронзен медал
Слаѓан Димиќ – 84 кг кик лајт – сениор

Задоволен сум од нашиот целокупен успех и постигнатите резултати и среќен сум сто ја водам оваа успешна и перспективна федерација во која има единство, слога и меѓусебна помош И позжтвуваност на натпреварувачите и тренерите, поради што и успехот е неизбежен – истакна Дејан Митровски – Урко претседател на КМФМ.

И покрај потребата од напорен и долг тренинг процес и наша институционална и медиумска иницијатива и барање за олабавување на рестрикциите во индивидуалните спортови, во моментов сеуште се сооќуваме со забрана за тренинг и организација на кикбокс натпревари.

Немаме објаснување за тоа зошто сме дискриминирани и обесправени во однос на колективните и екипните спортови (фудбал, ракомет, кошарка, одбојка…) кои непречено тренираат и се натпреваруваат и на национални и на меѓународни натпревари ?!?

Преку работната група за олеснување на мерките во индивидуалните спортови, побаравме разрешница на проблемот и одговор на нашите прашања, но до денеска сеуште немаме позитивен исход.

Спротивно на нашата состојба, во соседството тренинзите на кикбокс репрезентативците и професионалните спортисти се изведуваат во спортските објекти, а истовремено и непречено се организираат национални и меѓјународни натпревари.

Особено сакам да истакнам дека – “и покрај тоа што имаме репутација на земја со мал број на натпреварувачи на официјалните европски и светски првенства (за сто се виновни финансиите), сепак нашиот тим е фаворит за освојување на злато особено во ринг дисциплините и во спортските мемоари сме забележани како земја со два светски прваци и земја со освоени многу светски и европски сребрени и бронзени медали”.

Моменталната забрана за тренинг ќе се рефлектира со можна загуба токму на светски и европски кикбокс и маитаи медали за нашата земја.

Сакам да апелирам до надлезните комисии и органи на власта : ОТВОРЕТЕ ГИ САЛИТЕ. Тренингот во услови на пандемија не е привилегија само на колективните спортови! Спортот е здравје и од него има само бенефит!!!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This