(Фото) Poдeни вo чaмeц: Кулaтa нa Титов врв нeмa ycлoви зa пpecтoj пopaди нecoвecни пoeдинци кои ја оставиле вратата нeзaтвopeнa пa внaтpeшнocтa e пoлнa co cнeг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Несовесни поединци планинари ја оставиле отворена вратата од кулата на Титов врв па поради тоа во внатрешноста е навлезена поголема количина снег. Сега вратата не ни може да се затвори и објектот да се користи, алармираат од планинарскиот клуб „Аргентус Монт“ од Тетово. Поради тоа тие предупредуват дека во Кулата овој зимски период сега нема услови за престој.

–Планинарската Кула на Титов врв е со функција на планинарско засолниште за сите планинари во било која доба од денот и во било кое време од годината и затоа од клубот бараат поголема совесност. Тие несовесни планинари на овој начин ја загрозуваат безбедноста на другите планинари кои се решиле во зимски услови да отидат до врвот верувајќи дека во Кулата ќе се засолнат. Ги замолуваме сите планинарски клубови на своите членови да им укажат на совесно однесување при престој во Кулата на Титов врв, посочуваат од ПК „Аргентус Монт“.

Со вакви постапки се девалвираат напорите на дел од членовите на „Аргентус Монт“ кои пет години носејќи материјали на раце работат на обнова на Кулата. Во овој период тие ставија врата, прозорци, обнова на ѕидовите и внатрешноста, поставија инвентар и многу други работи со цел да биде безбедна и пријатна за престој дури и во најлоши временски услови.

–Вратата ја направивме без квака и клуч, да се затвора на наједноставен начин, да се повлече и прицврсти со рајбер. Имаме поставено и молба напишано на македонски, албански и англиски по излегувањето да се затвори вратата. Но сепак и понатаму има поединци несовесни планинари несовесни кои неколку пати ја оставаат врата отворена во различи годишни времиња. Кога беше запуштената Кулата до 2016 година без врата и прозори, со дупки по ѕидовите, тогаш фуреа ветрови,во зима беше полна со снег и речиси ниеден планинар не се осудувше да отиде во нестабилни временски услови и во зимско време на Титов врв. Токму ваквата реновирана Кула последниве години масовно ги охрабри на многумина планинари да се решат да се искачат до Титов врв, велат од клубот. Друга форма на несовесност која е забележителна на врвот и кај Кулата е оставањето на отпадоците, за што исто така од клубот често пати апелираат да не се прави и сметот да се носи до градовите и таму да се фрли во соодветни канти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This