дома Македонија (Фото) XAOC ВО УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: По пасошите и...

(Фото) XAOC ВО УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: По пасошите и личните карти, граѓаните во пpoблеми и со вадење на изводи

Вистински хаос владее во Управата за водење на матични книги во центарот на Скопје.

Револтирани граѓани до екипата на КУРИР испратија фотографии од безредието кое владее денеска во оваа институција под контрола на Министерството за правда.

Имено поради реновирање на објектот во моментов работи само еден шалтер кој се наоѓа во ходникот на кој чекаат безброј граѓани за упис на новороденчиња, склучување на брак и издавање на извод од матична книга на венчани, склучување на брак со странски државјани, извод од матична книга на родени/умрени, признавање на татковство, како и издавање на уверение за слободна брачна состојба.

Граѓаните прашуваат и како е можно за десет услуги кои ги нуди оваа институција да работи само еден шалтер и да се парализира целата институција?

Револтираните граѓани кои се обратија до нас велат дека во државава буквално ништо не функционира.

-Нема пасоши, нема лични карти, треба да чекаш со часови за да добиеш извод од матичната книга на родени…ова е хаос, вели еден од граѓаните кој денеска се уште чекаат ред за да добијат извод.

Инаку за потсетување на јавноста Управата за водење на матични книги минатата година исто така се реновираше и имаше вистински хаос, па оттука се поставува и прашањето зошто повторно по само една година се реновира истиот овој објект?