дома Спорт (Фото) Се менува логото на најпознатата кошаркарска лига

(Фото) Се менува логото на најпознатата кошаркарска лига

Управата на НБА, по повод јубилејната 75 година, донесе одлука за промена на познатот лого на кошаркарската лига.


Наредната сезона, 2021/2022, наместо препознатливата правоаголна форма, логото ќе добие малку поинаква петоаголна форма, а кошаркарот Џери Вест, кој е на логото од 1969 година, и покрај иницијативата да биде заменет со Коби Брајант или Мајкл Џордан, ќе остане ист.

Новото лого на твитер го објави американскиот спортски репортер и колумнист, Адријан Војнаровски.