Франција го повика на разговор кинескиот амбасадор поради навpeди и зakaни кон француските законодавци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за надворешни работи на Франција го покани кинескиот амбасадор на разговор поради повеќекратни навреди и закани упатени кон француските законодавци и еден научник, изјави денеска портпарол на Министерството.

„После повторените неприфатливи коментари направени од кинеската амбасада во изминатите денови, вклучително и навреди и закани кон францускиот научник, се потсетуваме на основните правила донесени со Виенската конвенција за дипломатски односи во врска со работата на странските амбасади, особено во врска со нивната јавна комуникација“, рече Агнес фон дер Мил пред новинарите на дневниот брифинг.

Таа побара од амбасадата строго да се придржуваат до тие правила, пренесува Ројтерс.

Кинескиот амбасадор Лу Шаје се очекува утре во Министерството за надворешни работи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This