дома Европа ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА ФОРМИРААТ ЗАЕДНИЧКО СОБРАНИЕ: Новото тело ќе работи на унапредување...

ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА ФОРМИРААТ ЗАЕДНИЧКО СОБРАНИЕ: Новото тело ќе работи на унапредување на билатералните односи!

Француското национално собрание во понеделникот го одобри формирањето заедничко собрание со германското сојузно собрание кое треба да се состаува најмалку два пати годишно.

Новото тело ќе биде составено од 50 членови од секое собрание и ќе го следи спроведувањето на билатералните договори меѓу Франција и Германија потпишани во Елисејската палата во 1963 година и во Ахен оваа година.

Исто така, ќе ги следи заедничките француско-германски министерски состаноци и ќе може да предложи заеднички резолуции до Националното собрание и Бундестагот.

Предлогот, исто така, мора да биде одобрен од Бундестагот, кој се очекува да го разгледа кога ќе гласа за ратификацијата на Договорот од Ахен.

Претседателот на националното собрание Ричард Феран ја поздрави одлуката, на која се спротивставија само пратениците од радикалната левица и екстремната десница.

„Градењето таква единствена парламентарна институција е знак за продлабочувањето на нашиот однос“, изјави тој по гласањето.

Но радикалниот левичарски лидер Жан-Лук Меленхон тврди дека Франција има повеќе заедничко со јужна Европа отколку со Германија и дека е против нејзините интереси да ги „вознемирува другите европски партнери, давајќи им погрешна претстава дека сѐ се води од двете земји“.