дома Европа Франција нема да прифати бeгaлци од Авганистан

Франција нема да прифати бeгaлци од Авганистан

Франција повторно ќе биде европска земја која практично нема да прими никој од Авганистан кој остана разурнат од војна, предупреди денеска Колективот за нацијата бегалци (ЦНР).

Членката на ЦНР Мари-Лорел Малрик го осуди двоумењето на францускиот претседател Емануел Макрон и францускиот државен врв кои изразија подготвеност да прифатат само стотина бегалци од Авганистан, главно жени чии животи беа сериозно загрозени со доаѓањето на Талибанците на власт.

Членката на Колективот за нацијата бегалци (ЦНР), Мари-Лорел Малрик, исто така, посочи дека хомосексуалноста е забранета во Авганистан и дека секој што се смета себеси за хомосексуалец ќе биде убиен веднаш.