дома Македонија ФРАНЦИЈА НЕ ГО МЕНУВА СТАВОТ: Датумот најрано летото 2020

ФРАНЦИЈА НЕ ГО МЕНУВА СТАВОТ: Датумот најрано летото 2020

Франција стои цврсто на ставот дека пристапните преговори за Македонија и Албанија треба да се одложат за половина година додека не се воведе нова методологија во пристапниот процес, објави „Радио Слободна Европа“, додавајќи дека в понеделник ќе има уште еден состанок за усогласување на ставот за ова прашање на ден пред самитот на ЕУ.

Отворањето на пристапните преговори меѓу Европската Унија и С Македонија и Албанија најверојатно ќе се одложи, најрано до следното лето, дознава РСЕ од дипломатски извори. Ова е последица од цврстиот став на Франција која не попушта во барањето да се смени методологијата во процесот на проширување пред да отпочнат преговорите со Тирана и Скопје, јавува доиписникот на РСЕ од Брисел, Ѓераќина Тухина.

Инаку, земјата претседавач со ЕУ, Финска повторно го измени нацрт заклучокот во петокот и го прилагоди според потребите на Франција. Во документот во кој имаше увид РСЕ стои дека првата меѓувладина конференција би се одржала „најдоцна во првата половина од 2020 година“.