Франција ќе им подари на САД уште една Статуа на слободата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Франција на 7 јуни ќе испрати нова Статуа на слободата во САД. Статуата ќе пристигне во Њујорк на 4 јули, на Денот на американската независност.

Статуата на слободата претставува историска врска помеѓу Франција и Соединетите Американски Држави, а новата статуа ќе биде висока 2,83 метри, што е многу помалку од нејзината голема сестра, чија висина е 46,5 метри, плус постамент од 46,9 метри.

Франција им ја донираше на САД, Статуата на слободата што го краси брегот на Њујорк, во чест на првиот Ден од американската независност.

Сакавме повторно да се поврземе со француско-американската историја. Статуата на слободата е двоен симбол – и за слободата и за добредојде – порача амбасадорот на Франција во САД, Филип Етјен.

Француските медиуми објавија дека кога идејата за новата статуа се појавила во јули 2019 година, целта била да им се покаже на САД дека Франција останува лојална на духот на пријателството меѓу двете земји, создадени за време на заедничката историја.

Реализацијата на проектот беше одложена, поради пандемијата од Ковид-19, но проектот повторно се најде во центарот на вниманието во текот на зимата оваа година.

Свечено ќе биде обележано кога статуата ќе замине од Париз и кога ќе пристигне во Њјорк во САД.

Потоа ќе биде сместена во градината на резиденцијата на францускиот амбасадор во Вашингтон, каде ќе остане десет години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This