дома Свет Франција ќе одвои 21 милион евра годишно за бесплатна кoнтрaцeпциjа на жените...

Франција ќе одвои 21 милион евра годишно за бесплатна кoнтрaцeпциjа на жените до 25 години

Од следната година, Франција ќе овозможи бесплатна контрола на бременост за жени под 25-годишна возраст, врз основа на новата мерка што ќе ја чини државата 21 милион евра годишно, потврди денеска францускиот министер за здравство Оливие Веран.

Како што е наведено, мерката ќе вклучува и бесплатни медицински прегледи поврзани со контрацепција и ќе почне на 1 јануари.

„Има намалување на употребата на контрацепција кај некои млади жени, главно од финансиски причини“, изјави Веран за телевизијата „Франс 2“, пренесува „Ројтерс“

Тој нагласи дека е недозволиво жените да не можат да се заштитат и дека не можат да имаат пристап до контрацепција, доколку сакаат да направат таков избор, бидејќи тоа им е прескапо.

Објавувањето на новата политика доаѓа во време кога владата на претседателот Емануел Макрон се подготвува за изборната кампања во 2022 година, а досега возрасната граница за бесплатен пристап до контрацепција во Франција беше 18 години.

Абортусите во Франција се бесплатни и за сите жени и девојки.