April 16, 2024, 10:56 am

Француските десничари во подем: Партијата на Ле Пен води во првиот круг на регионалните избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Француска десничарска партија Национален фронт предводена од Марин Ле Пен, води во првиот круг на регионалните избори во регионот на Прованса-Алпи-Азурниот брег околу Марсеј.

Според излезната-анкета, Тиери Маријани од Националниот фронт освои 33 проценти од гласовите, три проценти повеќе од Рено Музелие од Републиканската партија, која склучи сојуз со партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, Република во движење.

Французите избираат советници за 13 региони во Франција и два во прекуокеанските територии за шестгодишен мандат.

Регионалните власти се одговорни за областите што директно влијаат на граѓаните, како што се јавниот превоз, образованието и регионалното планирање.

Првиот круг на регионални избори беше обележан со рекордно слаб одзив и пораз за партијата на Емануел Макрон.

Според анкетната агенција „Елабо“, излезноста низ целата земја е на рекордно ниско ниво, со апстиненција од 68,5 проценти, бидејќи гласачите претпочитаат да уживаат во сончевиот ден по неколкумесечни ограничувања поради Ковид-19.

Вториот круг на регионални избори ќе се одржи на 27 јуни.

Регионалните избори се сметаат за последен тест пред најважните претседателски избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This