дома Македонија ФРИДОМ ХАУС: Македонија во линија со Зимбабве, двете се делумно слободни држави!

ФРИДОМ ХАУС: Македонија во линија со Зимбабве, двете се делумно слободни држави!

Во најновиот извештај на Фридом хаус „Слободата во светот 2019“ Македонија и натаму се наоѓа во групата делумно слободни земји. Во оваа група од регионот уште се наоѓаат Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Во групата слободни земји од регионот се Бугарија, Хрватска и Романија. Од 195 земји, 86 или 44 насто се оценети за слободни, 59 или 30 насто за делумно слободни и 50 или 26 насто за неслободни земји. Додека во делот за слободи на медиуми и слобода на пресот, Македонските медиуми се декларирани како неслободни.