дома Занимливости ФРИЗЕРИТЕ ОТКРИВААТ: Ова е најдобар трик за волумен на косата!

ФРИЗЕРИТЕ ОТКРИВААТ: Ова е најдобар трик за волумен на косата!

Иако рутината на миење коса наложува најпрво да користиме шампон, па потоа регенератор, се чини дека дојде време тоа да се промени. Имено, ако прашате многу стручњаци за нега на коса, нанесувањето на регенератор пред шампон е идеален редослед кој ќе ви помогне да добиете фризура како од салон.

Регенераторот на косата и ја дава потребната влага и нега, но може и значително да придонесе при губењето на волуменот. Но, ако најпрво ја третирате косата со регенератор, а дури потоа да ја измиете со шампон, вашата коса и понатаму ќе биде нахранета, но без непотребните остатоци оод регенераторот кои се и една од причините зошто косата се масти дополнително.

Истата постапка може да ја направите дури и ако користите маска наместо регенератор. Обидете се на овој начин да ја миете следниот пат вашата коса и нема да зажалите!