Фризерски салон од Скопје добил над 270 000 евра европски пари за едукација преку програмата Еразмус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопско фризерско студио лоцирано во Аеродром, изминативе три години добивало грантови од над 270.000 евра преку програмата „Еразмус+“, која ја спроведува Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, чиј директор е Лидија Димова, пишува А1он

На фирмата „В.Е.З. Трејд“ со основна дејност „фризерски салони и салони за разубавување“, а регистрирана и со општа клаузула за бизнис, ѝ било овозможено да добие грантови за проекти од областа на едукацијата. Истовремено, во правилата на „Еразмус“ пишува дека правното лице мора да е активно во сферата на едукацијата, обуката, младите и спортот

Во други земји, вакви грантови за едукација добиваат школи, универзитети, здруженија и државни институции, но не и фирми регистрирани со дејност „фризерски салони“. Сопственикот и управител на фризерницата, Зоран Златковски, кај вработени во Нациоаналната агенција е познат по тоа што држел обуки кои биле организирани од оваа институција.

„Секој јавен или приватен субјект активен во областа на образованието, обуката, младите или спортот може да аплицира за финансирање во рамките на програмата Еразмус+. Покрај тоа, групи на млади луѓе кои се активни во области поврзани со младите, но не мора и во контекст на младинска организација, можат да аплицираат за финансирање за мобилност на млади и младински работници, како и за стратешко партнерство во областа на младите“, пишува во критериумите за учество

Во 2018 година, на фризерницата ѝ се одобруваат два проекти, за кои преку Националната агенција се исплаќаат 63.552 евра. Следната година, „В.Е.З. Трејд“ повторно аплицира и добива, овојпат, грант од 25.840 евра. Оваа година, името „В.Е.З Трејд“ не е впишано меѓу добитниците на грантови, но затоа, како грантист е впишан „Вредност на европското знаење“ кој добива 181.485 евра. Вакво правно лице не е регистрирано во Централниот регистар на Македонија. Но, овој назив се среќава во европскиот регистар на субјекти, одобрени да аплицираат за грантови. Иако има два различни називи, сепак станува збор за едно правно лице. Тоа е повторно фризерницата „В.Е.З. Трејд“, на која оваа година преку „Еразмус+“ ѝ биле одобрени рекордните 181.485 евра.

А1он ја посети фризерницата на Златковски, која се наоѓа на булеверот Видое Смилевски Бато во населбата Аеродром. Станува збор за мала просторија, која е опремена со берберски столчиња и опрема за работа. На вратата пишува „фризерски салон“, а во ќошот стои бројот на локалот, „15Б

Нема ознака за иметно на фирмата. Фризерницата која на конкурсите за грантови се преставува со различни имиња, оваа година < добила пари за проектите : „Едукација на медиумската писменост во дигиталното опкружување 2“, „Флексибилна платформа за барање работа“, „You(th)Start – Вие (ти) Започнете – Претприемачки прeдизвици“, „Бypа од иновации – претприемачки предизвици“.

Директорката Лидија Димова тврди дека не е спopно што фирма со дејност фризерница и годинава добила четири грантови во три акции од „Еразмус+“. Таа вели дека се оценува подобноста на проектот, а не на фирмата. Димова потврди дека управителот на фризерницата, Златковски, бил ангажиран од Националната агенција и за одржување на обуки за наставници. Но, таа е дeцидна дека Златковски не можел на тој начин да влијае за да му се даваат грантови.

„Јас не ги гледам поединечно фирмите и тие кои што аплицираат. Фризерско студио, може да аплицира врз основ на мобилност, соработка, стручно образование, бидејќи тоа само по себе е стручно образование. Во полето за ‘правно име’, фирмата е пишана како ‘В.Е.З. Трејд’, а во полето за ‘правно име на домашниот јазик’ пишува ‘Вредност на европското знаење’. Господинот така си се идентификувал, јас тоа не можам да го поправам, а очигледно дека и Брисел го прифатил бeз проблeм. Во делот на подобност на фирмата, ние гледаме дали таа постои, дали е активна. Меѓутоа, за да помине проектот, ние проверуваме дали таа апликација е за таа акција. Ние грантови не даваме според носител на проектот, туку според содржината. На пример, некое училиште за странски јазици конкурира во средно образование. И тогаш тие паѓaaт во делот на подобнoст. Да протнeте нешто беше возможно пред две години, кога во агенцијата имаше 40 евалуатори, а активни беа деветмина. Златковски беше обучувач на наставници, последните три месеци од минатата година. Уште пред да дојдам во агенцијата, тој е и „еквет“ експерт. Тој е еден од нашите експерти. Нему за тоа му се исплаќани пари“, вели директорката Димова

Поради тврдење дека Златковски правел обуки и на евалуатори, „А1он“ контактираше триесетина од нив, но никој не одговори на пораките. Димова, но и самиот Златковски нeгираа дека тој обучувал евалуатори.

Според податоците во системот „Отворени финансии“, во 2018, сопственикот и управител на фризерницата, Златковски примил 410 евра под ставката „други договорни услуги“ од Националната агенција, на личната сметка. На истиот начин, на крајот од април оваа година, тој добил скоро десеткратно повеќе, односно, 4.092 евра.

Во правилата стои дека им се овозможува апликација на сите фирми. Мојата фирма е пристапна. При регистрација на неа, таа има општа клаузула и претежна дејност. Претежната дејност е фризерско студио, а општата сите дејности. Имам приложено тековна состојба, па во европскиот систем сум заведен како „В.Е.З. Трејд“, а „Вредност на европско знаење се генерира од порталот“, рече сопственикот и управител на фризерницата, Зоран Златковски, без да појасни за кој портал станува збор

Тој потврди дека неговата фирма има само еден вработен, а за реализација на проектите за кои добива грантови, вели дека склучува договори за соработки со експерти од областите. Златковски вели дека нема ништо спорно што држел обуки, а добивал и грантови од Националната агенција.

„Тоа се обуки на наставници, во соработка со Националната агенција и Министерството за образование. Тоа беше минатата година, ноември-декември. Националната агенција ги организираше обуките, кои беа за подигнување на капацитетите на училиштата за подготовка на апликаци за ‘Еразмус’. Јас се пријавив на конкурс и ме избраа. И јас бев изненаден кога видов дека сум добил четири грантови во три програми. Поминати се многу години, мислам дека преку ‘В.Е.З Трејд’ немам работено во полето на едукацијата, пред да добијам грантови“, вели тој

За сметка на грантовите за фризерницата, колку за пример, на листата на чекање се повеќе проекти, меѓу кои има и од Машинскиот факултет, дел од Универзитетот св. „Климент Охридски“ – Битола, партнер со универзитет од Нови Сад и Хеленскиот институт за транспорт од Грција. На истата листа е и проектот на Хидробиолошкиот завод – Охрид, партнер со бугарската Академија на науки и уметности, Универзитетот од Виена и други меѓународни институции.

Во останатите земји, најголем дел од апликантите кои добиле грантови се универзитети, а потоа и здруженија кои се занимаваат со едукација, но и државни институции. На пример, во Австрија, оваа година, грантови од сегменти за училишно образование добиле три реномирани универзитети и две организации. За истата програма, во Хрватска грантови добиле две училишта, градот Лудберг, хрватската Академска истражувачка мрежа „Карнет“, хрватска гимназија и други реномирани училишта.

Фризерскиот салон е само еден од спорните грантисти, за чии апликации се одобрени неповратни средства од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Меѓу одобрените апликации има и организација на која и е одземена деловната способнот, иако е правно активна. Вработени во институцијата, укажуваат дека илјадници евра од агенцијата се трошеле немаменски, но дека трпеле мобинг на работно место

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This