Фронтекс алapмира: Двојно зголемен бројот на илeгални мигpaнти на Балканската рута

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на мигранти кои влегуваат во Европската унија илегално преминувајќи го Западен Балкан годинава е двојно зголемен, објави денеска граничната агенција на Европската унија Фронтекс.

Според Ројтерс, 22.600 мигранти илегално ја минале границата на Европската унија од јануари до јули, што е за 90 проценти повеќе отколку во истиот период во 2020 година.

Агенцијата додава дека многу земји -членки на ЕУ се нервозни поради моменталната ситуација во Авганистан, од каде што многу луѓе бегаат од војната и повлекувањето на американските сили.

Вкупниот број на илегални премини на границата со Европската унија достигна над 82.000 луѓе од почетокот на годината, што е за 59 проценти повеќе од минатата година, се додава во соопштението на Фронтекс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This