дома Актуелно ФРОСИНА ЗAБAPИKAДИPAHA ВО НЕЈЗИНИОТ КАБИНЕТ: Не прифаќа средба со новинари, Заев најави...

ФРОСИНА ЗAБAPИKAДИPAHA ВО НЕЈЗИНИОТ КАБИНЕТ: Не прифаќа средба со новинари, Заев најави caнкции за потпреседателката на Собранието

Потпретседателката на Собранието Фросина Ременски Ташевска била во кабинетот, но не прифатила средба со новинарите, пишува „Телма“.

Таа првин имала состанок, а потоа од нејзината канецларија излегле координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митроски и пратеникот Диме Велковски.

Не сакале да коментираат ништо, а од кабинетот на Ременски известиле дека не може да ги прими новинарите, ниту на разговор ниту пак ќе даде изјава.

Ременски е осомничена во проширената истрага за Рекетот откако обвинителството објави официјално дека гони и функционер за вмешаност во скнадлот со пари на Меѓународниот сојуз.

Ременски инаку имаше и фукција почесен претседател на Меѓуанродниот Сојуз кој го води првоосомничениот за рекетот Бојан Јовановски Боки 13.

Таа е една од двајцата пратеници на СДСМ кои беа на распит како сведоци во обвинителството.

Сега таа веќе е осомничена. Партискиот претседател и премиер Зоран Заев првично најајвува санкции и партиско бркање за сите функционери кои ќе бидат опфатени со рекет.