дома Македонија Фрчковски: Македонија влегува во нова епoxa, нас не има само 1,5 милиони,...

Фрчковски: Македонија влегува во нова епoxa, нас не има само 1,5 милиони, наспроти 6 милиони Албанци, 10 милиони Срби и Грци и 8 милиони Бугари

Професорот Љубомир Фрчковски вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека Македонија политички влегува во нова епоха.

Според него респектот меѓу партиите мора да се подигне.

„Политички влегуваме во нова политичка епоха за Македонија, Заев тука ја завршува оваа варијанта, како така – ќе ја заврши. Со големите прашања за нас кои алиби дека ние постојано сме под некој стрес, сите не мразат, не можеме ништо да направиме бидејќи овие не блокираат, оние не блокираат… Дефакто ние Македонците ќе влеземе во една соба како со огледала, секаде каде што ќе се свртиме сами ќе се гледаме… Милион и половина нас во однос на 6 милиони Албанци, 10 милиони Срби и 8 милиони Бугари, 10 милиони Грци и со Гоцевата парола на чело, културен натпревар меѓу народите… Тој народ културно се натпреварува од милион и половина луѓе. Е тоа е стрес… Или си најдобар или те нема“, порача Фрчковски.

Тој смета дека тука се отвора рефлекс на некој да ги брани, односно никаде не се отвора и со тоа не функционира и на среден рок не може да функционира.

„Ние мора да се отвориме и мора да се спремиме за тоа и во таа смисла единството кај политичките елити, односно респектот меѓу партиите мора да го подигнеме прагот за она што е дозволено да и кажете да другата партија“, додава Фрчковски.