дома КОВИД-19 (Коронавирус) ФУДБАЛЕРИТЕ ВО ФРАНЦИЈА: Ќе бидат тестирани за кoрoнaвиpyc

ФУДБАЛЕРИТЕ ВО ФРАНЦИЈА: Ќе бидат тестирани за кoрoнaвиpyc

Сите фудбалери во Франција ќе бидат тестирани за кoрoнaвиpyc, вели член на медицинскиот комитет на Фудбалската федерација на земјата во интервју за локалните медиуми.

– Единствено решение што може да гарантира максимална безбедност на фудбалерите е универзален тест за KOВИД-19. Треба да ги проверам сите играчи, се вели во соопштението.

Ова стана јасно по обраќањето на францускиот претседател Емануел Макрон до нацијата.

Во него тој сподели дека кaрaнтинoт во земјата ќе биде продолжен до 11 мај.

Според објавата на „Л’Екип“ порано денес, планот на фудбалската федерација на земјата е сезоната во Лига 1 да биде продолжена на 17 јуни.