дома Актуелно ФУНКЦИОНЕРИ И МИНИСТРИ ПРЕДМЕТ НА ИСТРАГА: Министрите на СДСМ ветувале подароци и...

ФУНКЦИОНЕРИ И МИНИСТРИ ПРЕДМЕТ НА ИСТРАГА: Министрите на СДСМ ветувале подароци и пари за гласови!

“Од Обвинителството наведуваат дека во истрагите се опфатени високи претставници на министерства и високи функционери во политичка партија.

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори две истражни постапки поврзани со изборни нерегуларности за време на парламентарните избори и изборите за претседател на Република Македонија одржани во април 2014 година и за предвремените парламентарни избори одржани во декември 2016 година.

Од Обвинителството наведуваат дека во истрагите се опфатени високи претставници на министерства и високи функционери во политичка партија.

„Во истражните постапки се опфатени повеќе лица, помеѓу кои и поранешни високи претставници на Министерството за внатрешни работи, на локалната самоуправа и носители на високи функции во одредена политичка партија. Постои основано сомнение дека осомничените како организирани групи го сториле делото преку нудење, давање или ветување подарок или друга корист за да придобијат лица со избирачко право. Влијанието над лицата од две изборни единици имало за цел определен начин на вршење на избирачкото право“, се вели во соопштението на Обвинителството.