дома Македонија Функционери на СДСМ дивeeле во Ново Село пред доаѓањето на Зоран Заев

Функционери на СДСМ дивeeле во Ново Село пред доаѓањето на Зоран Заев

Денеска во пазарот во Ново Село функционери на СДСМ ги кинеле изложените постери од коалицијата За обнова на Македоника пред доаѓањето на Зоран Заев.

Како што се забележува на фотографиите доставени до нашата редакција од страна на присутните на настанот се работи за поранешната директорка на ЈП Комуна – Ново Село од редовите на СДСМ како и актуелната претседателка на форумот на жени на СДСМ од ОО Ново Село.

Ова не е изолиран случај за активистите на СДСМ во општина Ново Село, како што кажуваат дел од присутните, оштетување на постери и паноа се случиле и при претходната посета на Зоран Заев на општина Ново Село, кога беше вандализирано поздравното пано поставено на еден од влезовите во пазарот.

Случајот е пријавен во МВР и се очекува реакција од страна на надлежните.