дома Македонија ФУНКЦИОНЕРИ НА СДС ПРАВАТ ВЕШТАЧЕЊА ЗА СЈО: Главен аргумент на СЈО се...

ФУНКЦИОНЕРИ НА СДС ПРАВАТ ВЕШТАЧЕЊА ЗА СЈО: Главен аргумент на СЈО се вештачења изработени од функционери на СДСМ

Во тек е судското рочиште за предметот на СЈО „Тенк”, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, за набавката на фамозниот мерцедес.

Судењето како реприза на претходните рочишта за останатите предмети. Одбраната драконски со тешки маки се обидуваше да го убеди Судот да им ги достави доказите од незаконски прибавените прислушувања. Тие воедно бараа и произнесување од Судот дали е проверена надлежноста на СЈО. Судот треба да побара од СЈО да ја докаже својата надлежност! Според адвокатот Боро Тасевски тоа е потребно особено во фазата на приговори на подготвителниот акт.

Обвинителката Ленче Ристоска пак, упорно сакаше да го убеди Советот на судии дека доказите ќе бидат дадени за време на главната расправа поради Законот за приватност, иако повеќе од пола аудио фајлови го имаат преплавено интернетот.
Нејзиниот помлад колега пак, несигурно ги читаше членовите од КЗ и цело време бараше инструкции од СЈО по неговиот мобилен телефон. Наместо доказ од Агенцијата за вработување за вештакот кој го вршел вештачењето врз Мерцедесот тој побара помош од СЈО да му пратат одговор по СМС порака. Па за момент ја збуни судијката Добрила Кацарска.

За адвокатот Димитар Дангов доказите односно аудио фајловите се веќе објавени во јавноста по портали веб страници и со тоа тие се неподобни и контаминирани.

Во врска со веродостојноста на аудио записите, одбраната потенцираше дека баш затоа ги бара тие докази за да со помош на вештачење се утврди дали се навистина гласовите на обвинетите, дали разговорот е прекинат негде, итн.

“Одбраната е оневозможена да направи ефективна одбрана како основно право на обвинетите”, рече Дангов.

Адвокатката Сања Алексиќ во одбрана на ставот дека доказите треба да и се доделат на одбраната, го прочита членот 6 од Европскиот суд за човекови права во кој се вели дека повредени се правата на обвинетиот ако истиот има ограничен пристап до доказите.

Адвокатката Сања Алексиќ рече дека треба судот да утврди дека вештакот Страхил Глигоровски, кој го извршил вештачењето, имал соодветна лиценца.

-Еден од потписниците на вештачењето е и Тале Герамитчиоски, ексминистер и пратеник на СДСМ. Правното лице кое го правело вештачењето е на Димитар Бузлески, рече адвокатот Боро Тасевски.

Инаку според доказите на Одбраната, вештакот кој го извршувал вештачењето во тој момент немал лиценца за работа. Според обвинетата ексминистерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, постои објективно оправдан сомнеж, бидејќи на нејзе и на нејзината одбрана не и било дозволено да присуствуваат на вештачењето. Исто така, вештакот бил ангажиран од политичката партија СДСМ.

“Барам од Судот да го земе впредвид моето сомневање бидејќи неговиот политички ангажман го загрозува моето правично судење што го поткрепувам со ставот на Европскиот суд за човекови права кој смета дека објективниот сомнеж во неутралноста на вештачењето го загрозува принципот на еднаквост на оружјата”, рече Јанкуловска.

На денешното рочиште покрај адвокатите збор зема и обвинетата Јанкулоска, која реагираше на изработените две вештачења за набавениот мерцедес. Таа прво изреагира дека ниту таа како обвинета, ниту нејзините бранители немале можност со свои предлози и забелешки да учествуваат во вештачењето кое го нарачало СЈО.

-Постои објективна оправданост и сомнеж во објективноста на вештачењата во однос на политичката кариера на вештакот Тале Герамичиоски и управителот на компанијата која била ангажирана, бидејќи токму во тој период исполнувале високи политички функции како избрани или именувани лица на предлог на СДСМ, а и јас исто така во тој период извршував високи функции во ВМРО-ДПМНЕ. Затоа барам од судот да го земе во предвид овој објективен сомнеж бидејќи нивниот политички ангажман го загрозува моето право на правично судење – рече Јанкулоска пред судот, при што се повика и на судска пракса од судот за човекови права во Стразбур.