дома Спорт ФФМ ДОБИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Mухамед Сејдини нов претседател на ФФМ

ФФМ ДОБИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Mухамед Сејдини нов претседател на ФФМ

Со 82 гласа „за“, и еден воздржан, и ниту еден против, Мухамед Сејдини е избран за претседател на Фудбалската федерација на Македонија, на денешното генерално Собрание кое се одржа во Охрид.


Сејдини во последните неколку месеци ја извршуваше функцијата В.Д. по оставката на Илчо Ѓорѓиоски. Тој во минатото беше потпретседател на федерацијата.

Сејдини ќе биде на чело на федерацијата до 2021 година, кога истекува мандатот на делегатите на Собранието.