дома Спорт ФФМ ќе ги награди фудбалерите со 200.000 евра за големиот успех

ФФМ ќе ги награди фудбалерите со 200.000 евра за големиот успех

По победата над Шкотска, но на гостински терен, кога нашите шанси за пласман на европското во Полска сериозно се зголемија, од ФФМ најавија дека нашите млади фудбалери ќе бидат наградени со 200.000 евра.

Откако нашите момци синоќа над истата селекција забележаа победа и се пласираа на Европското првенство во Полска, бројка од 200.000 евра е потврдена, но нема да биде ништо чудно федерацијата дополнително да го „одврзе ќесето“ и на оваа цифра да додаде уште нешто.