дома Хроника Фaтeн нa дeло: Пpивeдeн пpилeпчaнец, зaтeкнат пpи kpaжбa oд вoзилo

Фaтeн нa дeло: Пpивeдeн пpилeпчaнец, зaтeкнат пpи kpaжбa oд вoзилo

На 23.10.2021 во 21.30 часот на ул.„Рампо Левката” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Д.(38) од Прилеп, затоа што бил затекнат додека извршувал тешка кражба во патничко возило „бмв”, со прилепски регистарски ознаки.

Кај него биле пронајдени и одземени предметите кои ги одзел од возилото. И.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.