March 28, 2024, 10:01 pm

Фecтивaлoт „Егзит“ ќe ce oдpжи oвa лeтo: Eвe зa кoи лицa ќe бидe oвoзмoжeн влeз

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новосадскиот градоначалник Милош Вучевиќ изјави дека, благодарение на големиот успех на Србија во масовната вакцинација,  фестивалот Егзит има можности да се одржи ова лето.

Долго исчекуваната вест претставува клучна потврда дека големата прослава на 20-годишнината на Егзит ќе биде одржана според планот – од 8 до 11 јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, со учество на некои од водечките светски ѕвезди, како што се Дејвид Гета, Диџеј Снејк, Тајга, Пол Калкбренер, Нина Кравиц, Борис Брејча, Пол ван Дајк, Соломун, Сепултура и многу други.

„Одржувањето на Егзит ќе биде симбол на победата на Србија над пандемијата“ кажа градоначалникот Вучевиќ, кој е член на Националниот кризен штаб за борба против пандемијата и додаде дека „Егзит е од огромно значење за туризмот и промоцијата на земјата“.

Како што тој објасни, влезот на фестивалот ќе им биде овозможен на сите кои се вакцинирани и на сите кои го прележале коронавирусот. За останатите посетители од земјата и светот ќе бидат овозможени брзи антигенски тестови по многу поволни цени, во посебно организирана зона во непосредна близина на фестивалските капии.

Влезот во Србија уште сега им е веќе дозволен на странците, додека, пак, до јуни се очекува и дека ќе биде целосно укинат задолжителниот ПЦР-тест за влез во земјата. Сите детали поврзани со влезот во земјата и на Фестивалот ќе бидат навремено објавени на официјалниот сајт на Егзит во склад со идните актуелни мерки пропишани од страна на Владата на Република Србија.

„Исклучително сме возбудени поради оваа вест и можноста заедно со публиката од целиот свет, на нашата омилена тврдина да прославиме две децении на Фестивалот, да го славиме животот! Имајќи ги предвид сите тешкотии на кои бевме изложени претходните година дена, веќе сега чувствуваме дека овој ’Биг Бенг’ на позитивна енергија ќе отвори потполно нови димензии на фестивалското искуство и ќе го обележи овогодишниот Егзит како еден од најпосебните. Сепак, мораме да останеме одговорни во наредните месеци и ги повикуваме сите кои имаат можност што поскоро да се вакцинираат, бидејќи здравјето и безбедноста на сите посетители, изведувачи и членови на тимот, се наш приоритет“, изјави Душан Ковачевиќ, основач и директор на  фестивалот Егзит.

Србија во изминативе неколку месеци оствари големи успеси кога е во прашање масовната вакцинација. Покрај тоа што им овозможи на своите граѓани да бираат помеѓу различните производители на вакцините од целиот свет, Србија е единствената земја која бесплатно вакцинираше и десетици илјади странци од цела Европа.

„Ние ќе им овозможиме на сите наши посетители кои тоа го сакаат да се пријават за вакцинација во Србија, а повеќе информации за тоа ќе објавиме наскоро“, истакна Ковачевиќ.

Егзит е најголемиот музички фестивал во регионов, а како таков веќе 20 години претставува значајна дестинација за голем број македонски посетители и музички изведувачи кои настапуваат во рамки на програмата за над 40 бини на фестивалот Егзит.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This