дома Хроника (Фoтo) Тешка сообраќајка во Скопје, повpeдено 20 годишно лице

(Фoтo) Тешка сообраќајка во Скопје, повpeдено 20 годишно лице

На аголот помеѓу булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Климент Охридски“ во центарот на Скопје, се случи страшна сообраќајна несреќа.

Тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје кај Соборен храм. Судрени се повеќе возила на раскрсницата помеѓу булеварите „Паризански одреди“ и „Св. Климент Охридски“, а едно од возилата е удрено и во споменикот на свети Климент Охридски.

Во моментов на терен е полицијата која го регулира сообраќанот, но има и возило на брзата помош.

Според информациите од медицинскиот тим повредено е 20-годишно момче.

Медицинска помош му е укажана на самото место, а според сведоците, по несреќата момчето лежело неподвижно.