дома Занимливости ФOTOГРАФИЈА ОД ОХРИД ГО СКАРА БАЛКАНОТ НА ИНТЕРНЕТ!

ФOTOГРАФИЈА ОД ОХРИД ГО СКАРА БАЛКАНОТ НА ИНТЕРНЕТ!

Уникатна ноќна фотографија од Охрид направена од страна на Стојан Стојановски, кој ја објави пред некој ден на неговата фан страна и достигна голема популарност и споделувања, денеска ја објави и познатата фејсбук/инстаграм страна Slavorum кои имаат над 1 милион следачи со наслов Macedonia Ohrid!!!

Насловот на фотографијата поттикна огромна дискусија од страна на Грци, Бугари, Срби и Албанци кои меѓусебе коментираат Македонија е Грчка, Охрид е Бугарски, Српски, Албански итн, но преовладуваат лајковите и коментарите за тоа дека фотографијата е прекрасна, Охрид е убав, би го посетиле итн.
Во прилог фотографиите објавени на Slavorum и Стојан Стојановски:

Оваа фејсбук страница пред се е направена со цел да ги обедини словенските народи и често пати се поставуваат саркастични и хумористични фотографии на кои на интересен начин се прикажува состојбата помеѓу словенските држави и останатите, навиките кои ги имаат само луѓето од словенските земји и слично. Покрај тоа се прикажува и комплицираната состојба на Балканот, за „соседските разлики“ и „несогласувања“, па затоа не е ни чудо што вакви коментари можат да се најдат на речиси секоја од нивните фотографии.