дома Свет Фpaнцуcкитe cили лиkвидиpaa лидep нa Aл Кaeдa вo Мали

Фpaнцуcкитe cили лиkвидиpaa лидep нa Aл Кaeдa вo Мали

Француските сили го убија воениот лидер на северноафриканското крило на Ал Каеда за време на операцијата во северниот дел на Мали, соопшти министерката за одбрана на Франција, Флоренс Парли.

Поранешниот полковник на армијата на Мали, Бах аг Муса, познат и како Бамуза Диар, е убиен во четвртокот во операција на француските сили.

„Се верува дека клучна фигура во џихадистичкото движење во Сахел е одговорна за неколкуте напади врз меѓународните сили и силите на Мали, се наведува во соопштението на француската министерка Парли.

Бах аг Муса беше десна рака на лидерот на најпознатата џихадистичка група во Мали – ЈНИМ (Jama`at Nusrat al-Islam val-Muslimin), која редовно напаѓаше војници и цивили во Мали и Буркина Фасо.

Потегот на Франција уследи по низата операции во изминатите неколку недели во кои трупите од оваа земја убија десетици исламисти.

Франција има распоредено повеќе од 5.100 војници низ целиот регион, а во голем број во Мали, каде што спроведува акции против милитантите.