дома Политика ХАКИРАНА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА НА „БЕСА“: По оставката на потпретседателот на партијата, хакирана...

ХАКИРАНА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА НА „БЕСА“: По оставката на потпретседателот на партијата, хакирана страницата на „БЕСА“ и претседателот Касами

Движењето Беса, преку соопштение за медиумите, информираше дека од вчера вечерта, официјалната страна на Движењето БЕСА и неговиот претседател Билал Касами се хакирани, објави Порталб.мк.

-Ја известуваме јавноста дека официјалниот сајт на Движењето Беса и страницата на претседателот Билал Касами се нападнати од хакери. Ве молиме, од овој момент, секоја публикација на овие две страници да ја игнорирате и да не ја земате во предвид. Од овој момент сите публикации кои можат да се појават на двете горенаведени страници на Фејсбук не го претставуваат ставот на Движење Беса или на претседателот Билал Касами. Ве молиме да имате разбирање до надминување на оваа ситуација. Јавноста ќе биде навреме информирана, откако по правен законски пат ќе ги повратиме официјалните сајтови и одговорните за овој сајбер напад да излезат пред лицето на правдата, велат од Движењето Беса.

Претходно потпретседателот на партијата Зекирија Ибрахими си даде оставка.