дома Занимливости ХАКИРАН ПРОФИЛОТ НА ЛИЛА ФИЛИПОВСКА: Популарната водителка жртва на сајбер-криминалци

ХАКИРАН ПРОФИЛОТ НА ЛИЛА ФИЛИПОВСКА: Популарната водителка жртва на сајбер-криминалци

Лила Филиповска им се најде на нишанот на сајбер-криминалците, кои и’ го хакираа инстаграм-профилот и 24 часа ги повикуваа нејзините многубројни следбеници да ја заследат на профилот што тие го креираа, наводно, поради „гаснењето“ на актуелниот профил на водителката, каде што ја следат над 116.000 обожаватели.

Веднаш по враќањето на контролата врз својот профил, Лила им се обрати на следбениците со видеопорака објаснувајќи им што точно се случило:

Драги пријатели, после 24 ч. успеав да го вратам профилот кој ми беше хакиран. Што се случи ќе чуете утре ексклузивно на @1tv_mk по 17.30 ч. Бидете внимателни, секој може да биде жртва на сајбер-криминал. Избришани ми се многу фотографии и луѓе што сум ги следела, а сочувани ми се фоловерсите кои сакале да си ги искористат за свои потреби. Ве гушкам!“.