дома Хроника Халкидики њуз: Скопјанец зaгина во сообраќајна нecpeќа во Грција

Халкидики њуз: Скопјанец зaгина во сообраќајна нecpeќа во Грција

Сообраќајна несреќа се случила во 6.30 часот наутро на локалниот пат Полихрону – Ханиотис.
Во несреќата учествувал 22-годишен возач од Скопје, кој под се уште неразјаснети околности изгубил контрола над својот автомобил и се превртел, пишува грчкиот портал „Халкидики њуз“.

Младиот човек, кој бил на годишен одмор на Халкидики, починал веднаш, откако излетал од шофершајбната од автомобилот. Неговиот 21-годишен совозач е повреден и пренесен во болницата Полигирос.

Причините за несреќата ги испитува Одделот за сообраќај на Неа Мудања.