дома Актуелно ХАН НА ТВИТЕР: Го почнав работниот ден во Скопје со разговор со...

ХАН НА ТВИТЕР: Го почнав работниот ден во Скопје со разговор со премиерот Димитриев

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, утринава се сретна со премиерот Емил Димитриев, со кој разговараше за ситуацијата во земјата по предвремените парламентарни избори, одржани на 11 декември минатата година.

Детали од средбата засега не се откриваат, а Хан од средбата објави фотографија на социјалната мрежа „Твитер“ со краток опис.

„Го почнав работниот ден во Скопје со разговор со премиерот Димитриев. Потоа состанок со министрите од земјите од Западен Балкан за зајакнување на енергетската поврзаност“, напиша Хан.

Хан на маргините на Министерскиот состанок за Западен Балкан, ќе се сретне со лидерите на политичките партии што се застапени во македонското Собрание.

Starting a busy day in w talk w Dimitriev. Then Western Balkans Energy Ministerial t boost .