дома Свет Хаос во Атланта: Маж пукал на аеродром, повредени три лица

Хаос во Атланта: Маж пукал на аеродром, повредени три лица

Патник кој синоќа чекал да го помине контролниот пункт на главната безбедносна точка на аеродромот во Атланта посегнал по огнено оружје од торбата, а потоа пукал, што предизвикало хаос меѓу патниците и привремен прекин на летовите.

Мажот, кој подоцна беше идентификуван како осуден криминалец, 42-годишниот Кени Велс, побегнал со пиштол од контролен пункт, а потоа и од аеродромот, соопшти Управата за безбедност на воздушниот сообраќај, пренесува АП.

Полицијата подоцна соопшти дека издала налог за апсење на сторителите на инцидентот, а командантот на аеродромската полиција мајор Реџиналд Мурман рече дека Велс се бара под обвинение за чин на носење и криење оружје на комерцијален аеродром, поседување огнено оружје, употреба на огнено оружје и несовесно однесување.

Властите соопштија дека три лица се здобиле со полесни повреди, вклучително и едно кое паднало во фоајето на аеродромот далеку од контролниот пункт, а две се пожалиле на напад на паника.